Дали понекогаш имате проблем со претерано потење и непријатни телесни мириси, а нема посебна причина за тоа? Можеби проблемот е во храната која сте ја изеле. Најчестите намирници кои предизвикуваат непријатни мириси се следниве…
Алкохол – Освен што има лошо влијание на нашето здравје, алкохолот може да биде заслужен и за непријатните телесни мириси. Кога пиете алкохол, поголемиот дел поминува низ црниот дроб, но околу десет проценти од телото се исфрла преку потењето, урината и лошиот здив и предизвикува зголемено потење.
Лук – Тој е исклучително здрав и идеален за лекувањето на настинка, но кога ќе го изедете, неговиот мирис излегува од сите пори од вашето тело.
Месо – Едно од истражувањата во Прага покажа дека веганите имаат помал проблем со непријатните мириси на телото отколку луѓето кои често конзумираат месо.
Цвекло, спанаќ – Храната полна со метил, како што е спанаќот, цвеклото и производите од соја, ослободуваат триметиламин, кој се излачува преку потта и нема баш пријатен мирис.