Домаќинската работа може да го намали ризикот од пет смртоносни болести

Извршувањето на секојдневните домаќински обврски може да го намали ризикот од пет смртоносни болести, меѓу кои два вида рак и дијабетес. 

Тоа го покажува новото истражување на австралиски и американски научници, што се базира врз 174 научни материјали објавени меѓу 1980 и 2016 година.

Излегува дека активностите кои ги извршуваме секојдневно, како чистењето со правосмукалка, качување по скали и хортикултурата, можат да ја зголемат физичката активност доволно, така што ризикот од рак на дојка и на дебелото црево, дијабетес, кардиоваскуларни болести и мозочен удар да биде намален.

Слична корист сепак може да има само во случај ако нашата заедничка физичка активност е од 5 до 7 пати повисока од минимумот препорачан од Светската здравствена организација (СЗО).

Таа препорачува да се поминуваат секој недела барем по 150 минути во енергично одење или 75 минути во трчање.

Останати вести