Домашен сируп за подобрување на крвната слика

За да ја подобрите крвната слика, овој сируп доволно е да го консумирате по два пати во текот на годината. 

Потребни состојки:

1 кг цвеко

1/2 кг моркови

Сок од еден лимон

2-3 портокали

2 кисели јаболка

1 тегла мед

Подготовка:

Цвеклото, морковот и јаболката излупете ги, исечете ги на помали парчиња, ставете ги во соковник и направете сок.

Од лимонот и портокалот рачно процедете сок и помешајте го со претходниот. На крај додајте тегла мед, најдобро ливадски, затоа што е најлековит.

Измешајте добро додека медот да се соедини со сокот. Количината портокали може да биде и поголема, затоа што тие се додаваат воглавно поради мирисот и вкусот. Готовиот сируп истурете го во стаклено шише.

Ќе добиете околу 2 литри сируп, што е доволно за 15-20 дена. Од сирупот пијте секое утро на празен желудник, додека да ја потрошите целата количина.

Останати вести