Домашната храна е најдобро средство против дијабетес тип 2, бидејќи го намалува ризикот од појава на болеста со 15 проценти, објави “Дејли експрес”.
За профилактичкиот ефект се потребни пет до седум домашни јадења неделно на ручек или вечера. Тие се корисни и за одржување на нормална телесна тежина.
Причината е што домашната кујна обично е поздрава од ресторантската. Покрај тоа, кога се јаде надвор, луѓето сè почесто нарачувааат засладени безалкохолни пијалоци.
Во домашни услови овошјето и зеленчукот присуствуваат повеќе на трпезата.
Во многу земји, луѓето јадат надвор повеќе, често во синџири за сендвичи и чипс. Постои загриженост дека оваа храна е висококалорична, но релативно сиромашна на корисни состојки. Тоа е предиспонирачко кон дебелеење и кон поголем ризик од дијабетес тип 2. Авторитетни истражувања за улогата на домашна храна сепак нема.
Научниците од Харвард ја проследија здравствената состојба на речиси 100,000 мажи и жени на просечна возраст од 26 години. Анализата откри дека колку повеќе човек се храни дома, толку помал ризик има да развие дијабетес. Особено корисни за здравјето се домашните вечери.
Корисна е и домашна храна за ручек – таа го намалува ризикот од дијабетес со 9 проценти.