Црниот дроб е најголемата жлезда во нашиот организам и единствен внатрешен орган кој може да се регенерира. Многубројни се и важните функции кои секојдневно ги извршува за да не одржи здрави во животот, меѓу кои има клучна улогата во преработувањето на храната што ја консумираме, во процесот на детоксикација нè штити од штетното влијание на токсините на кои сме изложени, а има голема улога и во регулирањето на нивото на шеќерот во крвта.
Со интензивниот систем на детоксикација, црниот дроб ги претвора лековите и отровите во молекули кои можат да се елиминираат од организмот преку мокрачата или столицата.
Затоа, за да го прочистите црниот дроб, односно да ги исфрлите отровите, можете да ја спроведете и следнава диета. Првиот ден, веднаш по будењето, испијте 220 дл топла вода во која ќе исцедите неколку свежи лимони. Во текот на денот, овој сок консумирајте го пред појадок, ручак и вечера и секогаш кога ќе се почувствувате гладни. Исто така, можете да земете и сок од свежи домати бидејќи и тој прочистува.
Наредниот ден направете мешавина од 85 грама маслиново масло и 55 грама масло од рицинус. Оваа течност испијте ја пред спиење, а потоа изџвакајте парче лимон за да го подобрите вкусот. Неколку часа по полноќ, ќе почувстувате потреба да се испразните и ќе забележате дека во својот живот не сте имале толку темна столица и толку непријатен мирис, а тоа значи дека полека сте се ослободиле од наталожените отрови.
Наредното утро направете си појадок кој содржи еден зрел домат, исечен на делови, на кој ќе му додадете малку вода и кратко време ќе го варите. Можете да му додадете малку сол, кромид и зачини, но никакви маснотии, а потоа изедете го. Овој оброк ќе ве прочисти од токсините кои се наталожиле во црниот дроб.