Македонската заедница од Квинбијан и Канбера по повод празникот Василица доби извонредна помош од заменикот премиер на НЈВ Џон Бариларо.
Пратеникот од изборната единица Монаро за време на прославата објави дека македонската општина доби државна донација од $150,000 долари, и сите средства од вечерта ќе бидат алоцирани кон довршување на фреските во храмот Св. Илија во Квинбијан. Честитки за Џон Бариларо за негова заложба како и на македонските активисти од Квинвијан за донираниот чек од 150.000 долари за разој и надградба на културниот центар и сите други објекти кои ги користат Македонците од овој дел на Австралија.
На вечерата присуствуваше Амбасадорот на Р. Македонија во Австралија, г. Веле Трпевски. Но и останати видни личности од општествениот, црковниот и политичкиот живот.
