Социјалното друштво „Св. Наум Oхридски“ од Мелбурн со нова донација за охридска геријатрија

Лицата кои се на продолжено лекување во овој оддел на Општа болница од Охрид беа посетени од членовите на социјалното друштво Дончо Каневче и Александра Ангелоска, ќерка на претседателот на социјалното друштво „Св. Наум Охридски” од Мел­бурн, Васко Ангелоски.

Тие им ги пренесоа пораките за добро здравје на сите пациенти и на болничкиот персонал и воедно донираа маса и столови кои се добредојдени во одделението.
Социјалното друштво од Мелбурн е постојан донатор во Геријатрија. Ден пред големиот празник Св. Наум Охридски во Мелбурн се одржа традиционалниот хуманитарен годишен бал и парите собрани од таму ќе бидат донирани во хумани цели во најавената донација во септември.
Публицитет.мк

Останати вести