Во општина Дебaрца пристигна донација од бизнисмен од Перт, Западна Австралија Драган Капинков кој е сопственик на фондацијата „Капинков”.
Донацијата е наменета за сите првачиња запишани во ОУ „Дебaрца”, а се состои од училишен прибор и чанти.
За донацијата која се реализира по трет пат градоначалникот Игор Трајкоски се заблагодари и изрази надеж дека ќе продолжи и во наредните години. Посетата од страна на Капинков е во организација на почесниот македонски конзул во Перт, Зоран Ќосески.
