Доналд Трамп сега се бори со вирусот кој го потценуваше

Објавата на претседателот Доналд Трамп рано во петокот дека се разболел од корона вирус, веднаш ја прекина претседателската трка, отворајќи значајни прашања во врска со неговиот кавалерски однос кон пандемијата и иднината на неговата кампања, само 32 дена пред изборите.

Трамп веќе заостануваше во анкетите зад Џо Бајден, делумно поради неговото лошо справување со вирусот што го испреврте секојдневниот живот на гласачите повеќе од шест месеци. Тој ги надополни своите потешкотии со непочитување и на моменти омаловажување на основните мерки на претпазливост, како што е носење маска, кога неговите здравствени советници ги повикуваа Американците да ги користат за да се заштитат.
Сега личната рамнодушност кон вирусот може да го загрози неговото сопственото здравје, стабилноста на земјата и веќе затемнетите надежи за реизбор.
Политичката среќа на Трамп делумно ќе зависи од тежината на неговата болест. Други светски лидери, вклучувајќи го и британскиот премиер Борис Џонсон, беа болни од вирусот и се вратија да ги водат своите земји.
74-годишниот претседател е постар од неговите колеги кои добиле инфекција со Ковид-19 и тие не беа на гласачкото ливче кога беа позитивни. Дури и ако тој целосно се опорави по периодот на изолација, милиони Американци веќе гласаат токму сега, преку гласачко писмо или лично предвремено гласање.

Состојбата се влошила
Здравствената состојба на американскиот претседател Доналд Трамп се влошила и кај него се појавиле кашлица и треска, пишува таблоидот Vanity Fair повикувајќи се на „двајца републиканците кои се во близок контакт со Белата куќа”.
„Што се однесува до (првата дама на САД) Меланија (Трамп), тие велат дека таа е без симптоми. Загрижени се за претседателот поради неговата возраст”, рекол неименуваниот соговорник на таблоидот додавајќи дека американскиот претседател најверојатно ќе сака што поскоро да се појави во јавноста за да ги намали штетите од критиките за неговото минимизирање на опасноста од ризикот изминатите шест месеци.
„Тој ќе сака да излезе од карантинот многу порано отколку што мислат луѓето. Но ќе биде тешко да се сокрие ако е болен”, рекол соговорник на Vanity Fair кој признава дека станува збор за „поранешен функционер на Западното крило” на Белата куќа.
Од резиденцијата на американскиот претседател веднаш не одговориле на барањето за коментар.
Советници во кампањата на Трамп, исто така, не знаеле како ќе се одвива кампањата по дијагнозата на Covid-19 на само 32 дена пред изборите. А изворите на порталот изразиле сомневање деека следитени две телевизиски соочувања ќе се одржат.
Во американските медиуми, по потврдата дека претседателот Доналд Трамп бил позитивен на тестот на коронавирусот, се поставува прашањето дали тој за две седмици ќе излезе во јавноста со потврда дека бил заразен со коронавирусот со повторно минимизирање на опасноста од инфекцијата, како и неговиот политички сојузник бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој исто така го негира ризикот од Covid-19 и беше заразен од вирусот. Истовремено, американските медиуми јавуваат дека се влошиле симптомите кај Хоуп Хикс со зголемување на температурата, кашлање и губење на чувството за мирис. Советничката на Доналд Трамп, за која медиумите објавија дека веројатно е лицето кое го заразило американскиот претседател, бидејќи другите негови соработници биле негативни на тестовите, беше позната како една од ретките личности во Белата куќа која редовно на состаноците носела заштитна маска за лицета.

Од болница ќе ја води претседателската кампања
Американскиот претседател Доналд Трамп е префрлен во Националниот воено-медицински центар “Валтер Рид” поради коронавирус, каде што ќе остане неколку дена по совет на лекар, се вели во соопштението на Белата куќа. Хеликоптерот „Марин оне” слета во дворот на Белата куќа за да може претседателот Трамп безбедно да биде префрлен во медицинскиот центар. Трамп има 74 години и проблеми со притисокот, поради што е во ризична група. Во изјавата пред да биде пренесен во болница Трамп вели дека се чувствува многу добро и дека ќе се потруди се да функционира. “Ви благодарам, ја ценам поддршката што ја добивам тоа и нема да го заборавам никогаш” – рече Трамп во изјавата. Тој повеќе пати се потсмеваше на неговиот демократски противник за носење маска. Но на само еден месец пред изборите во САД јасно е дека неговата кампања отсега ќе се одвива онлајн. Со надеж дека ќе биде се најдобро со Трамп.

Останати вести