Минатата седмица во манастирот „Св. Прохор Пчињски” во Донибрук, владиката Петар ја прекина службата и го избрка Никола Ставрески.
– Тргни се Јудо, му порача Петар на Ставрески, на што тој возвраќа:
„Каревски, немате право да мè бркате, за ова се оди на суд”, му одговори на владиката.
Митрополитот Петар ја прекинал литургијата сè додека Ставрески не ја напуштил црквата.
За многумина ова е чуден епилог, бодејќи Ставрески важеше во изминативе 16 години како дел од ударната тупаница во спорот со црковните општини во Австралија.
По тој повод и за да се разјасни во јавноста што навистина се случува побаравме изјави од двете страни.
