Доневски од Перт добил огромна казна за неплаќање работници од неколку недели

Благојче Доневски, бизнисмен од Западна Австралија по потекло од Македонија, добил една од најголемите казни досега за недавање соодветна плата на своите работници.

Рекордна парична казна доби Благојче Доневски, сопственик на компанија за чистење „Голдфингер”, за неплаќање на работниците. Компанијата од Перт, Западна Австралија, треба да плати казна од 255.000 австралиски долари, за Доневски казната е 51.000 долари, а компанијата треба да ги плати и заостанатите плати од 26.627 долари, јавуваат медиумите.
Судската пресуда беше за искористување на луѓето.
Компанијата на Доневски од 2014 година имала договор за чистење на хотелот „Мелбурн” во Перт. Неколкумина работници во компанијата од Јужна Кореја не добиле плата повеќе од две или четири недели за што долгот достигнал 9.359 долари.
Еден индиски државјанин, вработен како специјалист за маркетинг, исто така не добил плата подолго од 18 недели или повеќе од 4.000 долари.
Австралиски државјанин, кој бил генерален менаџер во „Голдфингер”, за плата побарувал повеќе од 13.000 долари.
Судијата Антони Лучев рекол дека имало целосно непочитување на законските обврски на „Голдфингер” како работодавач, а сопственикот во ниту еден момент не изразил жалење или прифаќање на прекршокот.
Доневски веќе имал тригодишна забрана за управување со корпорација поради сторени слични прекршоци.

Останати вести