Шпанецот Рафаел Надал го осуди потегот на Марија Шарапова, која и официјално е под суспензија поради позитивен допинг-тест за време на Австралија опен 2016. Но, само ден подоцна од Париз пристигна шокантна вест на сметка на тенисерот од Мајорка.
„Рафаел Надал во 2013 година имаше ‘позната повреда’ и затоа не играше седум месеци. Но, ние знаеме дека, впрочем, беше позитивен на допинг-контрола”, изјави Розелин Башело, поранешна министерка за здравје и спорт на Франција.
Шокантната вест Башело ја откри во телевизиско интервју за станицата „Гранд 8″ и веднаш ја пренесе шпански „Ас”.
„Во тенискиот свет не се открива јавно кога некој е фатен за користење допинг, ниту, пак, колкава казна добил. Но, се’ се осознава кога играчот, изненадувачки, го нема на турнирите по неколку месеци”, дополни поранешната француска министерка.
28 Oct 2026
26 Oct 2026