Се е поголем стравот од нуклеарната програма на Северна Кореја

ДОПОЛНИТЕЛНИ САНКЦИИ
Австралија воведе дополнителни санкции на службеници на Северна Кореја за режимот на оваа земја да не продолжи со развојот на нуклеарните способности.

Министерката за надворешни работи, Џули Бишоп, потпиша забрана за патувања и финансиски санкции за дополнителни пет лица поврзани со програмата за изградба на проектили и оружја за масовно уништување. Три лица кои живеат во Кина, едно во Русија, а едно во Виетнам. Овој потег се случи откога Малком Турнбул ја замоли Кина да ја „укори” Северна Кореја, пред својот најголем одбрамбен говор како прајминистер. „Кина има најголемо влијание врз Северна Кореја, а со најголемото влијание доаѓа и најголемата одговорност. Од Пекинг очекуваме да изврши притисок врз Пјонгјанг и да ги вразуми за да престанат заканите по мирот во целиот регион, со своето безобразно однесување” – рече тој. Пред својот говор во Сингапур, прајминистерот изјави дека Северна Кореја станува „се побезобразна”. Австралија досега воведе санкции против сто луѓе, компании или групации поврзани со Демократската северна република Кореја. „Овие одредби се дел од нашите автономни санкции кои ги носиме како одговор на одбивањето на Северна Кореја да ги напушти своите нуклеарни програми и програми за лансирање проектили со кои се кршат неколку резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации. Австралиската влада стои заедно со меѓународната заедната во осудата на истрајноста на Северна Кореја во тестирање на балистичките проектили и зголемување на својата способност за користење нуклерано оружје. Ќе продолжиме да соработуваме со нашите сојузници и партнери вклучувајќи ги САД, Јапонија, Република Кореја и Кина за да го одржиме мирот и стабилноста во светот” – изјави министерката Бишоп.

Останати вести