Ѓоко Јовиќ и ,,Енерџи бенд” минатава недела ја завршија музичката турнеја низ поголемите градови во Австралија. Сите оние што ги видоа во живо беа сведоци на голема посетеност и наелектизирана атмосфера на нивните настапи.
Публиката беше воодушевена од репертоарот на Ѓоко и “Енерџи бенд” кои се претставија во најубавото светло. Изборот на песни, музиката, шоуто и блискоста со сите фанови… вака ги опишуваат концертите на оваа група весели музичари задоволните гости.
По нивниот последен концерт во Перт , Ѓоко испрати порака до Македонците во Австралија.
– Секогаш е задоволство за мене и за мојот бенд „Енерџи бенд” да гостуваме ширум прекрасната Австралија. Овде публиката е толку благонаклонета кон нас и толку позитивно не пречекуваат што е неверојатно. Секој настап раѓа безброј импресии собрани за време на концертите што верувам дека ќе останат врежани во мене и во моите колеги, и долго ќе се паметат. Неизбежно е да ги спомнеме и новите пријателства кои ги стекнуваме на истите тие настапи, за кои сум уверен дека ќе траат. Не постојат зборови да се опише нашето БЛАГОДАРАМ за се што овде нам ни пружија нашите посетители, но тоа се чувствува на еден посебен начин преку песните, и веруваме дека самите гости тоа го почувствувале во своите срца. Сигурен сум дека следуваат уште многу години дружење со нашинците овде, а за тоа секогаш да е поинакво и поубаво од претходниот пат ќе им подариме уште многу песни низ годините, бидејќи ние со нашите песни сме најискрените амбасадори на Македонија.
Ѓоко Јовиќ и “Енерџи бенд” имаа девет распродадени концерти во поголемите градови низ Австралија, по три концерти во Мелбурн и Сиднеј, потоа следуваа и Волонгонг, Њукастел и Перт.
Во неколку слики ви прикажуваме дел од атмосферата од нивните настапи.


