Довтон – Џилонг Македонија 3:1

НАЦИОНАЛНА ПРЕМИЕР ЛИГА 3 НА ВИКТОРИЈА, 2 КОЛО

Пораз на Џилонг Македонија при гостувањето кај Довтон кој оваа сезона има стопостотен учинок досега. Домаќинот дојде рано до водство во натпреварот со головите на Рос Фрем и Сам Катерин и во 24 минута резултатот веќе беше 2:0. Потоа фудбалерите на Џилонг ја презедоа иницијативата и во 36 минута Камерон Давис намали на 2:1. Тоа беше и зрак на надеж дека може да се направи пресврт.
Сепак, иако поголем дел од средбата нашиот тим напаѓаше и се обидуваше да изедначи, на крај домаќинот успеа да ја искористи отворената игра во своја корист и Сајмон Мур го постигна конечниот резултат од 3:1.
Џилонг Македонија настапи во истиот состав како и минатата седмица: Мекдауел, Трифунов, О’Конел, Мохамед, Давис, Џонс, Трајкоски, Бутлер, Мулими, Јошески и Свитон.
Во сабота, на 10 април, Џилонг Македонија ја пречекува екипата на Бокс Хил Јунајтед со почеток во 17:30 часот.

Останати вести