Апелацискиот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво насеље“

Апелацискиот суд во Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво насеље” и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово.

Основниот кривичен суд на 2 ноември 2017 година изрече:
– 7 доживотни затворски казни за обвинетите од кумановското Диво насеље,
– на 13 обвинети им изрече затворска казна во траење од 40 години,
– 6 се осудени на затвор од 20 години,
– 1 обвинет доби 18 години затвор,
– 2 обвинети затвор од 14 години,
– двајца 13 години,
– а 4 лица поради немање докази беа ослободени од обвиненијата.
Обвинетите што се прогласени за виновни ги сториле кривичните дела “тероризам” и “терористичка организација”. Тие влегле во земјата, се засолниле и во групи се обиделе да се префрлат во Диво насеље во Куманово, каде што на 9 и 10 мај 20015 извршиле терористички напад во кој загинаа 8 полицајци.
Загинаа и 14 од терористите.

Останати вести