Др Хелен Џинг Ли Тао, добитник на наградата за научно истражување

Наградата за научно истражување на ракот кај македонската заедница во Австралија и е доделена на Др Хелен Џинг Ли Тао, научник и истражувач при Научно истражувачката лабораторија за канцерогени заболувања при болницата во Сент Џорџ, Сиднеј.

Др Тао и незиниот тим работат на специјални протеоми кои ќе помогнат за брзо откривање на ракот на простата од кој страдаат и македонските мажи што живеат во Австралија. Таа им се заблагодари на докторите членови на Австралиско Македонското Медицинско друштво а посебно на Др Зоран Бечваровски, Др Луи Лангов и Др Лилјана Стојановска- Петровска за нивната работа во собирање на парични средства за ова научно истражување.
Оваа награда е дел од Фондацијата за Медицинско истражување при болниците Сент Џорџ и Сатерленд. На вечерта беа присутни претседателот на Фондацијата за Медицинско истражување Питер Кристофер и претседателот на научниот комитет професор Иан Кук како и четворицата доктори од Македонија кои се во болницата Сент Џорџ како дел од програмата за обука.
Австралиско Македонскот Медицинско друштво e организација на медицински ентузијасти и здравствени професионалци посветени на промоцијата и подобрувањето на здравјето и благосостојбата на локалната заедница, со посебен осврт кон потребите на македонската заедница. Целите на организацијата се промоција на професионалните стандарди на своите членови, обезбедување форум за професионална и социјална размена меѓу членовите и континуирана медицинска едукација, итн.

Останати вести