Драчевци во шок по грозоморното убиство на 66-годишната жена

Истражителите кои го вршеа увидот раскажуваа дека глетката била грозоморна. Во собата имало локви крв, а на ѕидовите исцртани крстови. Го видов А.Р. кога го изнесуваа полицајците со лисици на рацете. Изгледаше како да направил херојско дело. Насмеан и со лисици излезе од куќата, раскажува младо момче кое се затекнало на самото место во моментот. 

Драчевци се уште живеат во шок по грозоморното убиство што се случи во куќа на улицата “Антон Димов” кога А.Р. (20) ја усмрти неговата баба, 66-годишната Г.Н. Нему му е одреден 30-дневен притвор, а обвинителството ги чека наодите од обдукциониот протокол за да се утврди дали со сигурност момчето ја убило бабата со нож или пак, навистина и го прегризал гркланот. Се прибираат и други докази со цел за целосно расветлување на случајот.

Според првичниот увид на вратот на жената имало исекотини, но дали тие настанале од ножот што го употребил А.Р. или од нешто друго, допрва ќе се утврдува.
Куќата во која живее семејството по грозоморното убиство е празна, и се уште ја обезбедува полицијата бидејќи увидот и натаму трае.
По убиството родителите на момчето, заедно со нивниот брат, се отселиле и како што неофицијално дознаваме моментно живеат во станот на убиената.
Жителите од улицата се згрозени и вчудовидени од она што се случило. Велат дека се работи за мирно и повлечено семејство кое ретко контактирало со нив.
– Децата се однесуваа чудно, но не правеа никакви проблеми – вели една повозрасна жена. Бабата која не живеела кај нив честопати доаѓала во куќата за да им помага.
– Ги изгледа, им направи куќа, а потоа ја убија – коментираат драчевци.
Според неофицијални информации А.Р. прво ја исекол бабата со нож, а потоа почнал да и го гризе гркланот.
– Истражителите кои го вршеа увидот раскажуваа дека глетката била грозоморна. Во собата имало локви крв, а на ѕидовите исцртани крстови. Го видов А.Р. кога го изнесуваа полицајците со лисици на рацете. Изгледаше како да направил херојско дело. Од куќата излезе насмеан – раскажува младо момче кое се затекнало на самото место во моментот кога го изнесувале А.Р. од куќата.
Неофицијално, тој веднаш по настанот сам се пријавил во полиција, каде го признал делото и ги раскажал деталите.

Има ли врска со сатанистичка секта?

Убиството се поврзува со сатанистичка секта, на која наводно А.Р. и припаѓа. Пред неколку месеци на црквата „Свети Спас” во Драчево беа испишани и сатанистички симболи и пентаграми на храмот, а потоа беа убиени и животни покрај написите со сатанистички пораки. Наводно токму А.Р. бил тој што го сторил тоа.
Сатанистите ширум светот се познати по своите шокантни ритуали кои содржат многу крв, оргии, жртвување, танцување и обожување на ѓаволот како врховна сила. Мачат животни пред да ги заколат, а потоа ја пијат нивната крв. Во име на “господарот” се жртвуваат и луѓе. Веруваат дека крвта од срцето кое чука, е почиста од било која енергија.

Момчето се лечело во Бардовци

Според неофицијални извори, дваесетгодишното момче неколку пати престојувало во психијатриската болница во Бардовци. Одбивало да ги пие лековите, велат од болницата, а познато ѝ било и на полицијата преку многубројните пријави за неговото однесување од страна на соседите. Било пуштено пред две недели од оваа болница.
Кога А.Р. се пријавил во полиција, нводно рекол дека е припадник на секта, дека неговото име таму е Ханибал Лектор и дека тоа што го направил е само почеток на низата од такви обреди што сектата ќе ги прави и во иднина во Македонија. Имал и тетоважа со три деветки, за која објаснил дека е ознака на сектата.

Останати вести