Министерот предупредува на штетата од предизвикување драми во Владата

Постариот пратеник во Пармалентот на Националната партија Дарен Честер одлучи да ги намали очигледните проблеми во коалициската влада.

Министерот за прашања на воени ветерани Дарен Честер пре­дупреди дека треба да се трг­не вниманието од напнатоста во лидерството на коалициската влада особено сега кога до федералните избори има нешто помалку од половина година. Честер се обиде да го намали очигледното разидување на Скот Морисон и поранешниот прајминистер Малколм Турнбул поддржувајќи го во исто време лидерот на Националната партија Мајкл МекКормак.
„Не смееме остатокот од мандатот на овој парламент да го поминеме гледајќи во ретровизор. Австралискиот народ не прати во Канбера да се бориме за него, а не меѓусебно” – рече тој.
Министерот за одбрана Стивен Чобо верува дека гласачите не се грижат за тоа што Турнбул пред два месеци остана без прајминистерското место.
„Мислам дека им е јасно што се случи, тоа сега е зад нас и сега сме насочени кон следните избори” – рече Стивен Чобо.
Одби да зборува дали владата ќе биде подобра под водство на Морисон и посочи дека никој нема да има корист од шпекулациите околу проблемите во лидерството.
Прајминистерот влезе во незгоден јавен судир со Турнбул неделава кога го обвини својот претходник дека при службена посета на Индонезија излегол од рамките на својот мандат.
Турнбул го посети Бали да учествува на Океанска конференција, но зборувал за трговија и контраверзен предлог австралиската амбасада во Израел да се пресели во Ерусалим. Морисон го обвини Турнбул дека ја преминал границата, но беше присилен да се извини неколку часа подоцна, откога Турнбул изјави дека инсистирале да зборува за споменатите теми.
Таа непријатна средба се случила додека МекКормак бил соочен со две одвоени прашања за лидерство во Националната партија. Барнаби Џојс изјави дека со големо задоволство повторно би ја водел партијата откога неколку пратеници на Националната партија изразија загриженост за способностите на нивните лидери да им се спротистават на либералите. Но Честер инсистира дека МекКормак ја има поддршката на партијата.
„Местото лидер на партијата е пополнето… мораме да продолжиме да ја работиме својата работа” – изјави тој.

Останати вести