Драмата „Страв и срам“ од Душан Ристевски се изведува на грчки јазик

Душан Ристевски, Др Астрид Пери и Ставрос Економидис

Минатиот петок, на 31 октомври, Hellenic Art Theatre од Сиднеј, ја одржа премиерната вечер на драмата „Страв и срам” од Душан Ристевски во режија на Ставрос Економидис.

На отворањето поздравна реч одржа директорот на Службата за ментално здравје, Christopher Hay и директорот на Multicultural Health Dr Astrid Perry.
Се планира три неделен репертоар и изведба од девет претстави, а драмата се прикажува на грчки јазик како дел од националната програма: Месецот на менталното здравје. Инаку, темата на ова драмско дело, кое беше наградено во 2008 година, е поврзана со намалување на стигмата и стравот од менталните болести.
Оваа драма е издадена на македонски и англиски јазик и истата беше изведена на македонски јазик во 2008 година од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Исто така е преведена на српски и арапски јазик и се планира изведба на арапски идната година во Сиднеј.
Инаку, Hellenic Art Theatre постои повеќе од 30 години и е единствен театар во Австралија кој дава претстави само на грчки јазик. Во своето излагање, артистичкиот директор Ставрос Економидис, забележа дека „уметноста ги обединува луѓето, ги остава настрана предрасудите и недовербата и промовира пријателство”.
Делови од оваа драма се изведуваат во Индија и Катар, а исто издаден е и прирачник за обучување на студенти и здравствени работници во Австралија.

Останати вести