Даниела Темелковска, Марјан Коцев и Дрим тим на турнеја низ Австралија

Музичкиот состав на чело со Марјан Коцев, Даниела Темелковска и бендот „Дрим тим” ја започнаа долгоочекуваната велигденска турнеја низ Австралија.

Турнејата опфаќа шест концерти, кои ќе се одржат во поголемите градови. Првиот концерт веќе се одржа минатиот петокот, на 1 април во Сиднеј, следниот во саботата беше распродаден во Волонгонг.
Дознаваме дека сега на 8 април, овој петок, исто така е распродаден концертот во Мелбурн, следат на 9 април во Перт, на 15 април во Аделаид, и последниот на 16 април, по барање на публиката, повторно е во Мелбурн, a за него останати се само уште неколку маси.
Ова не им е прво гостување на „Дрим Тим” и на Марјан Коцев во Австралија. Досега, во овој состав, биле неколку пати и повторно на барање на публиката се во иста комбинација.
На турнејата, групата „Дрим Тим” ќе ја промовира новата песна „Земја далечна”, за која неодамна сними спот.
Русокосата фолк убавица Даниела повеќе пати настапувала преку океанот, последно нешто што слушнавме од неа беше нумерата “Ишарет” за која сними и видеозапис, а летово ги изненади и фановите со спотот за синглот „Забава” каде облечена во костим за капење покажа дека и во петтата деценија од животот има тело за медал.

Останати вести