Друштвото Mогила во Сиднеј прославуваше

Могилчани и оваа година највесели во Сиднеј. Минатата сабота во спортскиот центар Илинден во Рокдаел, друштвото Могила го одржа својот годишен бал.

Весело како никогаш досега. Гости од Сиднеј, Њукастел, Волонгонг, Мелбурн. Се играше и пееше до доцна во ноќта. Специјален гостин, директно од Македонија, во живо ги поздрави гостите на вечерта, градоначалникот на општина Могила Стевче Пивковски. Дрштвото Могила оваа година благодарницата за заслужен могилчанец му ја додели на господинот Митко Кековски од Њукастел, за неговите активности во македонската заедница и за промовирање на селото Могила во Австралија.

М.А.

Останати вести