Дружба и час по изворна музика со ”Синтезис”

Групата „Синтезис”, во рамките на турнејата по Австралија, имаше средба со музичарите и игрорците на МКУД „Илинден” – Сиднеј, што на 26 ноември одбележа голем јубилеј – 53 години од основањето.

Во заедничката дружба спонтано беше одржан мастерклас од страна на реноминираните музичари со цел младите Македонци од МКУД „Илинден” да го почувствуваат вистинскиот звук од татковината, со по некоја заборавена песна што нашите баби и дедовци ја пееле но со текот на годините е заборавена.
Одржувајќи час од врвни музичари за зурла, кавал, тапан, гајда, тамбура и тарабука, невозможно е на ваква средба на Македонци да не се испее култната „Македонско девојче”.
За младите Македонци во Австралија оваа прекрасна дружба со музичарите од “Синтезис” е важно за зачувувањето на традицијата и традиционалната музика како аманет за генерациите што доаѓаат.

Останати вести