ГУЖВИ НА БЕЛГРАДСКИ САЕМ: Државјани од цел Балкан чекаат вакцинација

Медиумите во Србија известуваат за големи гужви на Белградскиот саем каде се спроведува масовна вакцинација.

Но она што е различно овој викнед е што поголем број од оние кои имаат термини за вакцинација се државјани од речиси сите земји од Западен Балкан.
Според изјавите на лицата кои го одржуваат редот, има државјани од Макединија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, но и од некои европски земји: Германци, Холанѓани и Словаци.
Но, освен граѓани кои индивидувално преку електронска пријава на сајтот Е-управа во Србија си обезбедиле термин за вакцинација, во Белград и Ниш се спроведува и организирана вакцинација на бизнисмените и вработените во компании од Македонија, БиХ, Црна Гора, Албанија и Косово.
Како што изјави претставникот на Стопанската комора на Србија за Н1, Марко Мандиќ, обезбедени се 10,000 вакцини за нините колеги од соседството, кои со автобуси веќе пристигнале во Белград и Ниш каде ќе се вакцинираат.
Во Србија вакцинацијата се спроведува со четири вакцини: „Фајзер”, „спутник В”, „Синофарм” и „Астра Зенека”. Според информациите на здравствените власти, сите оние кои добиле термини за вакцинирање од соседството се вакцинираат со „Астра Зенека”.

Останати вести