Џон Фрезер, шефот на државната благајна и сенаторите ќе ги испитуваат деталите на федералниот буџет, особено низ проекциите на приходите и предвидувањата на оделот за економија.
Бидејќи проценката на буџетот која ја прават сенторите, веќе влегува во втората недела, а Фрејзер и другите службеници на државната благајна ќе бидат испитуваат за амбициозните предивидувања за раст на платите и раст на буџетскиот вишок во средина на 2021 година, и воопшто за економските изгледи и веројатност данокот за банките да донесе $6,2 милијарди како што е предвидено.
Сенаторскиот одбор за екомонија, исто така ќе разговара и со доверителот за данок, Крис Џордан и Австралиската даночна управа, и тоа за наводна даночна измама тешка $165 милиони, во која е вмешан и синот на заменикот доверител на Австралиската даночна управа, Мајкл Кранстон. Овој одбор исто така ќе разговара со владините агенции Australian Prudential Regulation Authority (Управа за рационално управување), Australian Securities and Investments Commission (Комисија за сигурносни документи и вложувања) и Australian Competition and Consumer Commission (Комисија за конкурентност и заштита на потрошувачите). Во пратеничкиот дом продолжува расправата за финансирање на училиштата или т.н. закон „Gonski 2.0.” Претставниците на министерството за образование со сенаторите ќе разговараат в среда и четврок минувајќи низ законот за кој лабуристите тврдат дека носи $22 милијарди помалку од ветеното и оти ќе се оштети финансирањето на католичките училишта. Владата подоцна во текот на неделата во долниот дом исто така треба да разговара за втората етапа на контраверзниот десетгодинишен план за оданочувањето на корпорациите, централна тема на минатогодишниот буџет.
Во теков на годинава успеа да донесат закон за намалување на даночните стапки за претпријатија со промет до $50 милиони, но владата сака намалување на 2 одсто за сите компании до 2026 година. Долниот дом ќе почне со расправа за предлог законот на пратеникот од Тасманија, Ендру Вилки, со кој треба да им се простат долговите за социјално осигурување на лица погодени од семејно насилство. Џорџ Кристенсен, пратеникот на националната партија, ќе предложи да се даде поддршка за градба на електрана на јаглен за северен Квинсленд. Ќе продолжи и расправата за предлог законот на лабуристите за заштита на вредноста на прекувремената работа, а во врска со тимот на Министерството за вработување во понеделник и вторник ќе се разговара со сенаторскиот одбор. Од другите сослушувања пред Сенатот ќе се одржат и разговорите со секторите за одбрана, надворешни работи и трговија, здравство и грижа за стари, социјално осигурување, како и за домување и бездомниците.