Здравствените фондови велат дека државните болници ги наведуваат луѓето да користат приватно осигурување велејќи оти станува збор за „донација” која ништо нема да ги чини, но сметки од 1,000 долари стигнуваат кај пациентите, неколку месеци подоцна.
Исто така на пациентите им се наплатува итната помош, која треба да им се даде бесплатно, ако грижата ја примат во рок од четири часа, но наместо тоа овие пациенти биле задржувани на болничко лекување и присилувани трошокот да го прокријат од осигурувањето. Овие информации на јавноста и станаа познати во момент кога илјадници луѓе се приклучиле кон кампањата за попуст на здравственото осигурување од кога ексклузивното истражување открило дека државните влади наплаќаат 330 долари годишно на и онака високите премии на здравствено осигурување, вршејќи притисок врз пациентите да го користат своето осигурување иако имаат право на бесплатно лекување во склоп на државниот систем. Поради ваквата пракса премиите на здравственото осигурување се поголеми за 11 одсто годишно и на државните болници им донесе приход од $1,5 милијарди годишно, се наведува во новата анализа на независното здравство на аналитичарот Martyn Goddard. „За едно семејство, ова би додало околку 330 долари годишно на нивните премии” – вели Goddard. А сумата која ја земаат државните здравствени институции секоја година расте за 12 одсто, велат службените статистки. Никаде во Австралија не се прави таков притисок за наплата од приватното осигурување со толку придонеси и делотворност како што се прави во Нов Јужен Велс. Таму на овој начин се собрани повеќе пари отколку во Викторија и Квинсленд заедно, и покрај тоа што овие држави заедно имаат 40 одсто поголема популација. Нов Јужен Велс ги користи услугите на компанијата Behavioral Insights Ltd позната уште под името „мотивациска единица” која ја ужива поддршка од британската влада за да го зголеми користењето на приватното осигурување во болниците вклучувајќи ги оние во Westmead, Auburn и Fairfield.
Најагресивен раст е забележан во Квинсленд каде приходот се зголемил за 170 одсто за само четири години. Се проценува дека оваа сума во Викторија на годишно ниво се приближува до $250 милиони, додека таа во Јужна Австралија се проценува на $40 милиони годишно иако таму растот на приходите на болниците од приватното осигурување е поспор отколку во другите држави. Во Тасманија се проценува дека оваа сума на годишно ниво изнесува околку $25 милиони, додека во Северната Територија таа се проценува на над $2 милиони годишно. NewsCorp Australia идентификуваше премии во кои на пациентите им се нуди поттик во облик на бесплатни козметички производи, услуги на перење пелени, ТВ уреди, услуги паркирање на автомобил и достава на весници. Од приватното осигурените пациенти собрани се околку $370 милиони во државните болници во Квинсленд минатата година, изјави гласноговорникот. Но ова не е „значителната причина за зголемувањето” на премиите. Вики Камински, извршната директорка на осигурувањето “SA Health” изјави дека „даваат јасни информации на пациентите за тие да бидат информирани и врз тие податоци да донесат одлука дали ќе одберат јавно или приватно осигурување при лекувањето”.
Изјави и дека приходот од приватното осигурување е легитимен извор на приход според моменталните национални прописи за финансирање на болниците.
Во меѓувреме илјадници луѓе се приклучија кон кампањата насловена „Big Health Insurance Switch” (Голема промена на здравственото осигурување) со која сака да се постигне поевтино осигурување.