Австралијa во турата “Душата на Балканот” ја вклучи и Македонија

Душата на Балканот е насловот на 22 дневното патување кое за 2014 им се нуди на туристите од Австралија за 13.997 австралиски долари за двајца. „Ова уникатно патување нè води во еден фасцинантен агол на Европа, кој е натопен со античка и со понова историја – на Балканот, во Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Албанија.

 

Македонија за ова навистина големо туристичко патување е опишана како земја на отоманскиот град Скопје и како земја на прекрасното Охридско Езеро.

Душата на Балканот ве води низ регионот богат со историја, култура, природни убавини, помирување и надеж. Истражувајте го еден од последните скриени скапоцени камења на Европа пред доаѓањето на масовниот туризам, е пораката на австралиската туристичка агенција која оваа дестинација уште отсега ја продава за наредната година.

Останати вести