Двете „златни грла“ на македонската народна музика Спасен Сиљаноски и Дарко Стојаноски

Кичевчаните Спасен Силјаноски и Дарко Стојаноски, заедно со “Престиж бенд”, во “Фераро” рецепција минатава сабота, направија фантастичен концерт со нивниот богат репертоар и избор на познати македонски хитови кои се пеат со генерации.

Буквално сите беа задоволни од нивниот настап исполнет со енергичност и мајсторски сплет на песни. Австралиско-македонската младинска асоцијација “Никола Карев” важи за амбасадор на македонската култура и традиција во Австралија и како организатор на овие концерти продолжува со традицијата да ги носи најдобрите и најпопуларните македонски пејачи.
За почетокот настапија играорците на друштвото АММД “Никола Карев” од Мелбурн, нашите млади чувари на културно богатство што ги негуваат исконските вредности далеку од земјата на нашето потекло.
Дарко Стојаноски започна со песната “Сонцето наше”, со која на “Гоце фест 2020” го освои првото место од стручното жири. Притоа јавно му се заблагодари на Аце Петровски, дека е тој заслужен за идејата за оваа патриотска песна.
За вжештување на атмосферата беше моментот кога Спасен својот настап го започна со мала измена на текстот од неговата патриотска песна „Судбина тешка”, и го вметна Зоран Заев порачувајќи му „Пуста да ти биде Заев судбината, ти што сакаш да ни ја земеш татковина, и на нашите деца иднината”. Потоа следеа песните “Бела Дано”, “Ќе ти дојдам”, “Мајка сина прашува” итн… Мораме тука да ги пофалиме и настапите на Ева Цветковска и Кејла Кеџ. Двете млади девојки навистина пленија со своите изведби и беа изненадување за сите присутни. До доцна во утринските часови траеше општата веселба во која публиката заедно со пеачите играше и пееше.
Не пропуштајте ја вашата можност да ги видете во живо Спасен и Дарко, остануваат уште пет концерти низ Австралија и веруваме дека ќе бидат распродадени.
Покрај Мелбурн, остануваат настапите пред Македонците во Волонгонг на 20 март, Сиднеј на 21 март и 11 април, Квинбијан – 10 април и Перт на 12 април.
За повеќе информации може да се обратите кај Аце Петровски на 0417 128 641.

Останати вести