Минатава сабота во Западна Австралија се одржаа парламентарните избори, а како и сите други така и македонската заедница имаше можност својот глас да го дадат за едно добро познато име, Џесика Стојковски, кандидат на владејачката Лабуристичка партија.
Таа повторно e избрана во Парламентот на Западна Австралија за изборното местото Кингсли и тоа со убедливо зголемување на бројот на гласови од преку 12,5 проценти од минатите избори.
Станува збор за Ирка, мажена за Силјан Стојковски, кој е по потекло од Битола, но многумина наши сонародници ја почитуваат како да е Македонка.
На овие избори немаше друг кандидат Македонец, меѓутоа Стојковска добро е позната во македонската заедница во Перт поради нејзините активности и соработка со нив, а со гордост истакнуваат дека омилената пратеничка добро го зборува македонскиот јазик.
Инаку на изборите со огромно мнозинство ги доби повторно Лабуристичката партија на Mark McGowa која во наредните четири години ќе ја води Западна Австралија.