Македонското пензионерско друштво од Џилонг имаше прекрасна презентација на македонската храна.
Со традиционални македонски тулумби, кифли, мазници и зелници кои се презентираа во Македонскиот центар, како дел од Пензионерски фестивал во Џилонг 2015.
Сребра Димовска, Дора Тасевска и Васка Котев заедно со сите Македонки донесоа прекрасни специјалитети и ги пригодвија вкусните јадења, а програмата ја водеше Калина Димовска, пред повеќе од 100 гости.
Посебна благодарност до секретарот Цветко Пачоски за организирањето на оваа презентација.





