Национална премиер лига 3 на Викторија, 1 коло
Неизвесен натпревар во кој Џилонг Македонија успеа да направи неверојатен пресврт и славеше убедлива победа. Гостите во првото полувреме изгледаше дека ќе си заминат со трите бода и со сигурен резултат. Уште во 8 минута Норт Саншајн Иглс дојде до водство од 0:1. Малку подоцна во 29 минута веќе водеа со 0:2. За среќа тука беше Микаел Јошески кој пред крај на првиот дел успеа да намали на 1:2.
Во вториот дел влезе во ритам нашата Џилонг и во 68 минута преку Доменик Свитон резултатот беше изедначен на 2:2. Три минути подоцна Џон Милими ја затресе мрежата за водство од 3:2.
Гостинскиот тим стана нервозен и целосно ја загуби контролата кога Мич Џонс во 81 минута го постави конечниот резултат од 4:2. Ситуацијата стана уште полоша за гостите бидејќи останаа и со играч помалку во завршницата.
Исто така и подмладокот на Џилонг Македонија (под 19 години) им одржа лекција на Орлињата со 5:3.
Џилонг Македонија: Мекдауел, Трифунов, О’Конел, Мохамед, Давис, Џонс, Трајкоски, Бутлер, Мулими, Јошески и Свитон.
Во сабота, на 27 март, Џилонг Македонија гостува кај Довтон со почеток во 15 часот.