Прослава на 27 годишнината на независноста на Македонија во Џилонг

Во Викторија се одржаа повеќе прослави за 8ми септември, во чест за Денот на независноста на Република Македонија.

Оваа година играорните друштва координирано беа носители на прославите во чест на Република Македонија. Сабајлето во 11 часот знамињата беа подигнати во центарот на Мелбурн каде забележителен настап имаше КУД Јане Сандански, додека вечерната централна прослава беше во Џилонг, каде настапија КУД Бисер, КУД Гоце Делчев и КУД Светлост.
Домаќин беше црковната општина за Џилонг и претседателот Димче Стојановски, кои се погрижија за гостопримството заедно со Зоран Димовски и Даниела Стојановска.
Одамна немало ваква атмосфера во Џилонг, зборуваа луѓето, салата беше исполнета во пријатно славеничко расположение.
Вака и ќе продолжиме, истакна Зоран Димовски од МАСО во својот говор.
Почесните гости имаа свои обраќања до присутните, започнувајќи од о. Чедомир Илиевски, Лидија Нешковска, претседателката на МАСО (Македонско Австралиската Организација на Заедницата), Ричард Марлс, федералниот лабуристички парламентарец за Корајо и Еди Контељ, општински советник на Џилонг и почесен конзул на Република Словенија во Викторија.

З. Д.

Останати вести