ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО ЏОРЏ ВЛАХОВ
Господине Влахов, нашите читатели со интерес ја следат иницијативата за помош на студентската организација која ќе им се спротивстави на преговорите што се водат со Грција за нашето име. До каде е оваа благородна акција?
Првин морам да кажам дека поточно е да не се зборува за организација туку за движење против предложените измени на името на државата, Македонската нација и Македонскиот јазик. Движењето е предводено од група млади македонски студенти кои се нарекуваат Млади за Македонија. Нивната цел е едноставно да се брани човековото право на самоопределување на Република Македонија и на македонската нација, во согласност со меѓународно право и конвенциите за човекови права. Нивното движење има за цел да ги надмине партиските политички линии и е отворено за сите во Македонија кои се противат Македонија да го предаде своето право на самоопределување, за да ги задоволи расистичките барања на грчката држава.
Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) и неколку други македонски организации ќе даваат финансиска поддршка за да помогнат во покривање на разни суштински административни и структурни трошоци на Младите за Македонија во организирањето на протестни акции против политичките планови за Република Македонија да го предаде своето право на самоопределување. Досега се собраа околу 28,000.00 Австралиски долари. Овие донации доаѓаат од организации и поединци.
Важно е да забележам дека на крајот сите донатори, поединци и организации ќе добијат финансиски извештај – значи со објаснение за точно што се потрошиле собраните средства. Сите финансиски трошоци на Млади за Македонија се под лупа на македонските организации во Австралија, кои вршат контрола на сите финансии.
Вашиот Комитет за човекови права ја координира акцијата во Австралија. Кои други организации се активно инволвирани во давањето поддршка?
Да, Австралиско Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) заедно со Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (од Канада) и 14 други организаци учествуваат во собирањето на средствата –
Macedonian Community of Adelaide & South Australia MCASA, Macedonian Community of Western Australia MCWA; Macedonian Orthodox Church Sveta Petka Rockdale; Macedonian Orthodox Community of Australia MOCA; Macedonian Orthodox Community of Melbourne & Victoria MOCVM; Macedonian Orthodox Church Sveta Nedela Gold Coast; Macedonian Orthodox Church Uspenie Na Preseveta Bogorodica Sydenham; Macedonian Orthodox Community of Wollonong; Macedonian Orthodox Community of Newcastle; World Macedonian Congress Australia WMC; Macedonian Orthodox Church Sveta Bogorodica Brisbane.
Ќе сакате ли да ни ја претставите студентската организација во Македонија?
Се работи за студентска група составена од млади Македонци од сите политички спектруми обединети под една и единствена цел – одбрана на името Македонија. Овие студенти се родени во годините на независноста и се прва генерација Македонци кои израснале во слободна држава Македонија и се образувани како Македонци. За тие млади деца промена на името претставува уништување на нивната иднина и светот како што тие го познаваат. Оваа битка за името ја споредуваат со битката на последниот Мохиканец за опстанок, сметаат дека доколку ако ние како Македонци го промениме името, тоа ќе биде крајот на нашиот македонски народ и ние ќе исчезнеме како народ.
Имаат ли овие студенти допирни точки со младинските организации на македонските политички партии?
Студентското движење Млади за Македонија е целосно независно и позади него не стои ниту една политичка партија или пак зрдужение со политички бои. Ова студентско движење не е контролирано ниту од една политичка партија, а младинските организации на политички партии единствено поставуваат пречки и го саботираат работењето на Млади за Македонија. Исто така, во работата на ова студентско движење учествуваат студенти од сите политички спектруми.
Игор Павловски