Еден и единствен е Јордан Митев

Организаторот на концертите со Јордан Митев, нашето играорно друштво АММД “Никол Карев” од Мелбурн кое веќе 40 години е амбасадор на македонскиот фолклор ни соопшти дека концертите со популарниот естраден пеач се посетени како никогаш досега.

На нив буквално се бара место повеќе бидејќи некои се веќе одамна целосно распродадени. Повеќе години сме навикнати да го гледаме Јордан со неговата комплетност на шоуменско музицирање со повеќе инструменти и квалитетни песни на кои тој самиот е целосен автор.
За оние што се уште не знаат, Македонскиот фолк-пејач Митев стави крај на ергенскиот живот и се ожени неодамна. Негова избраничка е Славица Митреска од Мелбурн, Македонка родена во Австралија, со која е во врска околу една и пол година. Тој практично професионално малку после свадбата замина на оваа турнеја која беше пред тоа договорена.
Во овој број објавуваме неколку слики за да ја доловиме атмосферата од концертите во Сиднеј и Волонгонг.
Во рамките на речиси двомесечната турнеја, на која го придружува оркестарот Фаворити од Битола, Митев во Австралија ќе одржи десетина концерти, а во некои градови ќе настапи и по два пати.
Не пропуштајте ја вашата можност да го видите во живо на концертите во Сиднеј овој петок, Њукастел в сабота, потоа е Мелбурн на 20 и 28 октомври, Џилонг на 21 октомври и Бризбен на 4 ноември.
За повеќе информации може да се јавите кај Аце Петровски на 0417 128 641.

Останати вести