Една единствена е наша Mакедонија

Подршка од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ и од многу македонски организации, асоцијации и поединци од Мелбурн и од Австралија.

Одовде од Австралија, силно ги поддржуваме мирните, достоинствени и масовни протестни маршеви, кои со денови, континуирано се одржуваат во многу градови во Република Македонија и на кои, десетици илјади правдољубив народ, со денови гоизразува големиот гнев, револт и загајленост за состојбата во која е втурната наша Македонија. Даваме огромна поддршка на цврстата решеност и неотстапност во битката да не се дозволи душмани и било кој друг да ја дели и редефинира унитарна Македонија.
Порачуваме – не !
По , никоја цена не смее да се дозволи промена на името, обезличување и исчезнување на македонскиот народ, воведување двојазичност на целата територија без никаква основа и причина, кантонизација и погром на татковината.
Македонија постои со милениуми, а ќе постои и во сите идни векови. Изразуваме поддршка на државничкиот потег на претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов, кој и покрај огромниот притисок што се врши, остана и да остане на дадената реч. Да не доз­воли мандат за идна влада да се доделува и крои на основа на некакви платформи пишуваниво туѓи држави.
Ги охрабруваме нашите браќа и сестри во татковината, истрајно и храбро да го поминати ова премреже, ова тешко време, и да се добие и оваа битка за опстанок и за утрешнасилна и просперитетна Македонија. Бидејќи, македонскиот народ нема друга татковина. Наш заеднички дом е оваа единствена, суверена, самостојна, горда и храбра нашаРепублика Македонија.

Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ

Останати вести