Прајминистерот Трнбул, годишницата од рушењето на Тони Абот ја дочека во Федералните држави на Микронезија каде присуствува[e на Форум на пацифичките островски држави.
Тој рече дека минатата година била „година на големи остварувања”, „(Но) имаме уште многу работа и затоа ги повикувам сите партии во парламентот, опозицијата, независните пратеници, пратениците во долниот и горниот дом да ни се приклучат во поддршката за да го обезбедиме продолжувањето на растот. До сега направивме добра работа, но имаме уште многу за работење” – рече тој. Форумот се занимавашe со климатските промени, но во расправата со Питер Онил, премиерот на Папуа Нова Гвинеја се зборувало и за австралиските прифатни центри за барање азил, а оваа тема е спомната и во разговорите со претседателот Науру Барон Ваку. „На двајцата лидери им се заблагодарив на соработката што ја дадоа во борбата против криумчарење луѓе” – рече. Трнбул исто така ја повтори својата обврска за легислатива за Австралиската комисија за градење и градежништво, да се стави во процедура во парламентот.