Кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, Христијан Божинов, Петра Велковски (се приклучува од 3-ти јуни) и фолк легендата Ефто Пупиновски, кој на 16-ти мај прослави 40 години на македонската музичка сцена, започнаа со турнејата низ Австралија.
Љубителите на Ефто ќе можат во живо да ги слушнат неговиоте големи хитови “Туѓа си бескрајно”, “Тинке Катинке”, “Лихнида кајче веслаше”, “Прости ми душо моја”, “Ана”… ќе бидат само дел од песните кои Ефто ќе ги изведе пред присутната публика. Турнејата опфаќа настап во осум поголеми градови, како Перт, Бризбен, Мелбурн, Сиднеј, Волонгог и Канбера.
Првиот концерт од турнејата се одржа во Спрингваел, во петокот, на 27 мај, а следниот ден настапија во Бризбен.
На трети јуни во Гранд Нерет рецепција е концертот во Мелбурн, а следниот ден, на четврти, е во Сиднеј. На 10 јуни е концертот во Волонгонг, додека на 11 јуни е во Канбера. Турнејата на Ферус ќе продолжи уште со два концерта, и тоа на 17 јуни повторно во Сиднеј и на 18 јуни во Гранд Нерет рецепција во Мелбурн.
