“Лихнида кајче веслаше” само со Ефто Пупиноски!

Легендата на македонската фолк-естрада Ефто Пупиноски се подготвува наскоро да замине за Австралија. Тука ќе биде со битолската група “Милениум”.

За таа турнеја го обработија заедничкиот проект со одбрани хитовски песни од Ефто, но и со останати македонски песни со кои, како што веруваат, ќе ги полнат салите.
Ефто има своја верна публика која со нетрпение го чека во Австралија. Сепак, од сите песни најмногу му ја бараат “Лихнида кајче веслаше” и “Туѓа си бескрајно” што станаа евергрини. А, кога ја отпеа во далечната 1986 година “Лихнида кајче веслаше” Ефто Пупиноски, ни од блиску не можеше да помисли дека ќе стане не само македонски туку и балкански хит.

Останати вести