Руски авион со над 200 патници се урна во Eгипет

Руски патнички авион се сруши во Синај, соопшти египетскиот премиер Шариф Исмаил. Руските медиуми објавија дека во авионот имало 224 лица и дека пилотот на авионот Ербас А321 преку радио побарал итно да слета на најблискиот аеродром, пред да се изгуби контакт со авионот. 

Од канцеларијата на премиерот соопштија дека 50 возила на брза помош се упатиле кон областа во која се сруши авионот, но поради планинскиот терен и воените дејствија во регионот, областа е тешко достапна. Авионот се сруши во северниот дел на Синај, блузу градот Хусна, 300 километри од Шарм ел-Шеик.
Помеѓу 224 лица кои биле во авионот, кој летал од Шарм ел-Шеик за Санкт Петерзбург, имало 17 деца, 200 возрасни патници и седум членови на екипажот. Авионот бил на височина од над 9.000 метри кога пилотот известил за проблеми со радиостаницата и побарал принудно слетување. Потоа врската со авионот на руската воздухопловна компанија „Когалимавија” е изгубена.

„Луфтханза” и „Ер Франс” нема да летаат над Синајски Полуостров

Двете најголеми европски авиокомапнии – германската „Луфтханза” и „Ер Франс КЛМ” одлучија да не летаат над Синајски Полуостров се додека не се утврдат причините за падот на рускиот патнички авион.
Одлуката, како што наведуваат од две авиокомпании е поради безбедносни причини. „Луфтханза” има околу 10 летови кои поминуваат над Синајски Полуостров.

Останати вести