Лабуристичката партија даде сериозен предлог за зголемување на данокот на богати. Лидерот на опозицијата Бил Шортен, рече дека нееднаквоста е главна економска и социјална опасност.
Тој бара „нов фокус на најголемата закана по нашето здравје, економијата и нашата поврзаност како општество”. Во говорот подготвен за конференција, Шортен тврди дека нееднаквите стандарди во платите и оданочување, договарање за работни места и надзор над нив, во здравството и образованието, односите кон половите, за сопственост на дом и услови за изнајмување… Промовирајќи го тоа што го нарекував „дефинирана мисија” на лабуристичката влада, Шортен јасно изјави дека прва цел ќе биде даночниот состем.
„Доколку ги финансираме клучнните инвестиции за иднината и доколку сакаме да се одржи буџетот силен, мораме да ги прегледаме старите и се поголеми недостатоци во нашиот даночен систем. Мораме да ја имаме в предвид целата слика; приходот и расходот, вклучувајќи ги и даночните олеснувања, како и реформите кои во минатото се отфрлени како политички премногу тешки. Верувам дека Австралиците се доволно мудри за овој разговор. Навистина верувам дека луѓето копнеат по нешто поконкретно во моменталната политика. Време е да тргнеме оштро напред со даночната реформа и да ги преиспитаме проблемите. Австралиците се подготвени за автентична расправа за тоа дали нашиот даночен систем прецизно ја покажува вредноста на нашата земја. Кому му помага и какво однесување наградува” – рече тој.
Нацрт на политиката директно е во спротивност со владините даночни олеснувања насочени кон големите претпријатија и кон тоа што лабуристите го нарекуваат даночно олеснување на милионери. Именувањето на нееднаквоста како значајна опасност ќе биде промовирано како враќање кон клучните вредности на лабуристите и одговор за гласачите кои се чувствуваат запоставено поради економските промени. Но, нееднаквоста не е само апстрактен економски поим.
„Се работи за Австралици кои со години не искусиле пристојно зголемување на платата, а плаќаат поголем данок од нивните шефови. Жените кои два месеца годишни работат бесплатно во споредба со нивните машки колеги, поради разликата во платите, условени поради полот. Младите семејства деморализирани од пазарот на недвижности на кој одвај можат да платат кирија, а не па да купат дом” истакна Шортен.