Економски форум за можностите за бизнис во Македониј

Во Македонија има огромен инвестициски потенцијал за австралиските компании, истакнаа учесниците на Економскиот форум во Перт, што се одржа во организација на Македонско-западно австралиската стопанска комора.

Македонскиот амбасадор во Австралија Веле Трпевски и почесниот конзул во Перт Зоран Ќосески пред бројни потенцијални инвеститори од деловниот сектор ги презентираа можностите за водење бизнис и потенцијалите за инвестиции во Македонија, со фокус на секторите ИТ, рударство, земјоделство и производство.
Претседателот на Македонско-западно австралиската стопанска комора Крис Вржовски ги повика австралиските компании да ја посетат Македонија како атрактивна бизнис дестинација.
Амбасадорот Трпевски и конзулот Ќосески истакнаа дека во изминатите години се бележи позитивен тренд во рударскиот сектор во Македонија како и севкупните трговско деловни односи помеѓу двете земји.

Останати вести