Експлозија во електрана во Квинсленд, голем број луѓе останаа без струја

Стотици илјади луѓе ширум Квинсленд останаа без струја по експлозија која се случи во електрана. Енергетските компании се трудат да го обноват снабдувањето со електрична енергија, додека локалните официјални лица предупредуваат на сообраќаен хаос.

ЦС Енерџи соопшти дека пожар избил во станицата во близина на градот Билоил. Според податоците на доставувачите на енергија, околу 250.000 потрошувачи добиле електрична енергија. Многумина и понатаму се без струја, додека според првичните наводи на електроенергетската компанија Енерџекс, погодени се околу 375.000 потрошувачи. Прекинот на електрична енергија погоди училишта, домови и претпријатија ширум државата. Кус прекин на електрична енергија имаше на аеродромот и семафорите во Бризбен, а возачите беа предупредени да внимаваат на патиштата, јавува Австралиската радиодифузна корпорација.

Останати вести