Телото на 44 годишната Елејн Пандиловски беше пронајдено во нејзината куќа во северно предградие на Мелбурн, а нејзиниот сопруг Зоран Пандиловски е осомничен за убиството. Таа е пронајдена мртва во нејзиниот дом на Hawkes Drive, во Мил Парк околу 9.30 часот во вторникот од страна на полицијата која била повикана од нејзините роднини.
Обвинет за убиството е нејзиниот сопруг 45-годишниот Зоран Пандиловски со кој не жевеат заедно подолго време. Тој истото утро на 50 километри оддалеченост од местото на злосторот во Mount Cottrell, има направено директен судар во обид да се повреди притоа повредувајки сериозно двајца патниците од другата кола. Зоран после тоа бил хоспитализиран со полициско обезбедување пред неговата болничка соба пред да биде обвинет за убиството на Елејн следниот ден.
Елејн Пандиловски работела како помошник-наставник во основното училиште „Plenty Parklands Primary” во Блосом Парк. Алармот се кренал кога таа не се појавила на работа во вторникот. Нејзината загрижена фамилија и врботените ја барале дома но не можеле да ја најдат иако колата и била паркирана во гаражата.
Еден член на семејството, кој не сакаше да биде именуван, изјави дека роднините кои отишле во куќата го виделе нејзиниот автомобил во гаражата и сфатиле дека нешто не е во ред. Тогаш била повикана полиција која го пребарала имотот и го пронашле телото на г-ѓа Пандиловски скриено под куќата.
Пандиловски биле дечко и девојка уште од средношколо и се венчале пред скоро 20 години и имаат еден син со аутизам по име Томас кој сега е без мајка и татко кој е во затвор. Синот Томас дознаваме дека не бил во куќата кога е извршено убиството бил кај неговата баба.
Адвокатите на Зоран Пандиловски изјавија дека нивниот клиент страдал од депресија и земал медикации за дијабетис. Дознаваме предметот повторно ќе биде пред судот во ноември.

