Бугарија ќе воведе електронско гласање на изборите

Бугарскиот парламент даде зелено светло да се воведе електронско гла­сање, потег што се очекува да им помогне на Бугарите кои живеат во странство да го дадат својот глас на идните избори и да ги поттикне младите и образовани луѓе да гласаат.

Парламентот даде зелено светло на потегот од големо мнозинство, откако речиси 70 отсто од гласачите ја одобрија мерката на референдум во октомври минатата година.
Мерката ќе стапи во сила по промените на кодексот на гласање, кој треба да обезбеди гаранции дека системот може да избегне обиди за манипулација и да ја зачува анонимноста на гласачите.
Тоа беше поддржано од 136 пратеници, а 56 гласаа против, при што лидерот на главната опозициска Социјалистичка партија, Михаил Миков, изјави дека електронското гласање „ќе ги намали трошоците на оние кои манипулираат со избори”. „Волјата на народот беше јасно изразена на референдумот”, рече Даниел Смилов, политички аналитичар во Центарот за либерални стратегии. „Електронското гласање ќе привлече да гласаат нови групи луѓе”. „Ќе бидат вклучени повеќе млади луѓе, како и Бугарите кои живеат во странство. Сите знаеме дека младите луѓе се навикнати да живеат во сајбер-просторот”.
Околу два милиони Бугари живеат во странство.

Останати вести