Успешни концертите на Маестрал и Елена Јовческа во Волонгонг и во Спортскиот центар на Рокдаел Илинден во Сиднеј.
Вистинска реткост и задоволство е да се види жена така да свири на македонскиот народен музички инструмент гајда. Пораките што ги добивме се дека проводот бил многу убав и весел, а Елена со групата Маестрал приредиле извонреден концерт.
Претстои овој петок, на 25 март, првиот настап во Мелбурн во Фераро рецепцијата.
Дозаваме дека останати се уште неколку места, а слична е ситуацијата и за следниот концерт на 2 април. Затоа побрзајте пред да се распродаде целосно за да не останете без влезница.
За повеќе информации обратете се кај Аце Петровски на 0417 128 641.

