Фолк пејачката Елена Велевска ќе се сели од Македонија. Таа планирала заедно со сопругот Марјан и со трите деца да замине во Австралија и да го продолжат животот таму, бидејќи не сакала нејзините деца да растат во земја каде што законите не функционираат и на политиката и’ се дава најголем акцент.
Вели дека ова е тешка одлука за нејзиното семејство, но по последните политички случувања во земјава, не гледала друг излез.
„Многу е жално тоа што од политика, народот нема простор да слуша музика. Ова што се случува на нашата политичка сцена е на голема штета на сите нас, а најмногу на нашите деца и не знам дали постои друга земја во светот во која што и се дава толкаво значење на политиката.
Сите сме на некој начин задушени и бараме излез, најверојатно надвор одовде.
Колку и да сум голем патриот, колку и да сакам да си останам дома, во својата татковина, приморана сум да си одам поради несериозноста и нефункционалноста на законот.”
