Преку ден грижлива мајка, навечер елитна проститутка

Познатата новинарка Аманда Гоф (40) предизвика шок и неверување кај австралиската јавност откако јавно откри дека со години живее двоен живот.

Оваа мајка на две деца редовно волонтира во училиштето на своите деца, пишува за бројни магазини, а извесно време работела и како тв-новинарка, признала дека се занимава со елитна проституција.

Нејзиното ескорт име е Саманта Икс, а во светот на проституцијата влега во 2012 година. Сега одлучила јавно да проговори и тоа го направи во едно тв-интервју.
Нејзините поранешни колеги не се изненадени од нејзината „нова кариера”.
– Не сум шокиран. Таа секогаш беше на работ, следеше свои правила. Не ме изненадува тоа што јавно призна се, мислам дека отсекогаш сакаше да биде славна, да има подобар живот од тој што го има, сакаше да биде богата и славна, да искористи нешто што ќе ја исфрли во центарот на вниманието – изјавил еден колега на Аманда за „Дејли меил”.

Гоф својата кариера на елитна проститука ја започнала во луксузен бордел во Сиднеј, а по неколку месеци почнала да работи како приватна придружничка под прекарот Саманта Икс. Цела ноќ помината со неа чини 5.000 долари, а потенцијалните клиенти ги контактирала преку својата официјална веб-страница која во меѓувреме била избришана.
– Имав се, прекрасна работа во медиумите, прекрасен сопруг и звучи лудо што го напуштив сето ова за да станам проститутка. Понекогаш си помислувам :„По ѓаволите, зошто го правам тоа? Погледнете ги моите брчки, кој ќе плати 800 долари на час за ова? ” – признала Аманда која има поддршка од своите пријатели.

Кога ја прашале дали смета дека нејзината професија ја дефинира како родител, имала подготвен одговор:
– Ако си неврохирург, тоа нужно не значи дека си добар родител. Ако си криминалец не значи дека си лош родител – заклучила оваа 40-годишна жена.

Останати вести