Спроред резултатите од локалните избори можеме со задоволство да објавиме дека младата Емили Лиса Стерјова е избрана за општински советник во Витлси. Таа со своите 19 години е најмладиот општински советник досега избран во Витлси.
Во општината повторно се избрани и нашите Стеван Козмевски и Мери Лалиос.
Како што дознаваме за првпат лабуристите го губат мнозинството во општинскиот совет и од 11 претставници ќе имаат само 5.
На првиот состанок, овој четврток, 11 избрани локални претставници ќе го избираат новиот градоначалник. Според информациите што ги имаме досега, тешко дека во следните три години ќе може Стеван Козмевски да ја преземе оваа функција, од друга страна Мери Лалиос е можен кандидат.