Емилија Стерјова избрана за заменик градоначалник на општина Витлси

Минатиов четврток се одржа изборот на градоначалник во општина Витлси, на кој општинските советници за нов градоначалник ја назначија Крис Павлидис, додека за нејзина заменичка младата Емилија Лиса Стерјова.

Таа покрај рекордот кој го постави како најмлад избран општински претставник минатата година, сега може да се пофали дека постави уште еден рекорд со добивањето на оваа функција на 20 години Изборот и го честита и општинскиот советник Стево Козмевски, кој во неколку наврати беше градоначалник на општината.
Во општина Витлси нашата заедница е една од најголемите и македонскиот јазик е втор најупотребуван во општината после англискиот.

Останати вести