Енди Мареј ќе го воспитува лошото момче на тенисот

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе се заземе со задачата да го одведе на „прав пат” лошото момче Ник Киргиос. 21-годишниот Австралиец постојано го привлекува вниманието врз себе со своите испади. Тие пак му носат солидни казни и го потврдуваат неговиот имиџ.

Последниот испад на Киргиос беше за време на натпреварот со Саша Зверев од Мастерсот во Шангај.Киргиос намерно играше слабо во дуелот и претрпи глоба во износ од 13.500 фунти.
– Зборувам со него за секакви работи – тенис, спорт, кошарка. Ако тој сака некој пат да ме праша нешто, очигледно ќе сум отворен да разговараме. Не е убаво да гледаш млади момчиња како прават грешки и да имаат тешкотии, додека прават нешта, кои на крајот ќе ги повредат, прокоментира Мареј, кој е близок со Киргиос.
– Кога мисли само за играта, Киргиос е многу возбудлив и владее добро со сите удари. Многу е талентиран. Не е толку лесно да привлекува толку внимание на таква кревка возраст. Некои играчи имаат тешкотии да се справат со тензиите, додаде Британецот.

Останати вести